ДО: Влада на Република Македонија…

ПРЕДМЕТ:  БАРАЊА ЗА ИТНИ ЧЕКОРИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО РМ СО АКЦЕНТ НА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ И ПОЧВА


Почитувани,

г. Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Македонија,

г-ѓа Радмила Шекеринска Јанковска, Заменичка на претседателот на Владата

г. Оливер Спасовски, Заменик на претседателот на Владата,

г. Бујар Османи, Заменик на претседателот на Владата,

г. Кочо Анѓушев, Заменик на претседателот на Владата,

г. Хазби Лика, Заменик на претседателот на Владата,

г. Садула Дураки, Mинистер за животна средина и просторно планирање,

г. Горан Сугарески, Министер за транспорт и врски,

г. Арбен Таравари, Министер за здравство,

г. Крешник Бектеши, Министер за економија,

Со оглед на хронично алармантно висока загаденост на воздухот во Република Македонија,

бараме ИТНИ подобрувања на квалитетот на воздухот и на почвата, чие влијание е недвојбено врзано за квалитетот на воздухот.

ЛЕГИСЛАТИВА

  • Целосно ревидирање на легислативата поврзана со животната средина. Нејзино усогласување, елиминирање на спротивставени одредби во други закони, доследно спроведување на постојната легислатива и утврдување потреби од суштински дополнувања, измени, воведување нова легислатива и сл.

ИНСТИТУЦИОНАЛНА ЕКИПИРАНОСТ

  • Обезбедување на доволно финансиски средства за финансирање на Министерството за животна средина и просторно планирање.
  • Обезбедување на доволно финансиски средства за резервни делови за мерните инструменти за континуирано мерење на квалитетот на воздухот и другите медиуми на животна средина, зајакнување со  стручен кадар, персонал, опрема, обуки, стручна и подготвена инспекција за спроведување на сите проекти насочени кон ремедијација на деградираната животна средина, заштита на животната средина, мониторинг и информирање.

ТРАНСПАРЕНТНОСТ

  • Зголемување на транспарентноста на институциите и овозможување лесен и брз пристап до информации, со еден клик, соработка со граѓанскиот сектор, формирање на работни групи за учество при изработка и измена на закони, прописи, стратешки документи и друго.

КРИТИЧНИ ИЗВОРИ НА ЗАГАДУВАЊЕ

  • Ремедијација на ОХИС, Скопје и Топилница, Велес како најризични од 16 индустриски жешки точки и започнување/продолжување на процесот кај останатите до комплетна санација.
  • Усогласување на оперативниот план на РЕК Битола за А-ИСКЗ, филтри и затворен систем на отпрашување.
  • Дислокација на загадувачката индустрија надвор од населените места, минимум 10 километри вон границите. Дислокација на фирмите за отпад вон населените места.
  • Раскинување на постојните договори за концесии и запирање на отворање на нови рудници за јаглен и металички минерални суровини. Забрана за рудници од површински коп и употреба на цијанид.
  • Забрана за движење низ градските средини на сите мобилни извори кои загадуваат под ЕУРО 3 стандард, почнувајќи од Скопје, вклучително мобилната механизација во индустријата, градежништвото и сл.

УРБАНИЗАМ И ЗАШТИТА

  • Мораториум на градење, првенствено во Скопје и Охрид до комплетна ревизија на донесените ДУПови, особено СОВЖС и мандаторно вклучување во оценувањето на влијанието на климатските промени.
  • Заштита на природата, на шумите, на реките, на езерата, на биодиверзитетот, на автохтоните видови, создавање на биокоридори, особено долж реките, поврзани делови низ цела држава кои ќе овозможат непречено движење и пренесување на животинските и растителни видови.

ЗЕЛЕНА ЕКОНОМИЈА

  • Инвестирање во и субвенционирање одржлив туризам, органско земјоделство, обновливи извори на енергија, индивидуално производство на електрична енергија од сонце и ветер.

СОЦИЈАЛЕН АСПЕКТ

  • Запирање на горењето на отпад, гуми, кабли од страна на ромската популација долж реката Вардар во Град Скопје и на други локации низ Македонија со нивно социјално згрижување и вклучување во образовниот систем и пазарот на труд. Вработувања во секторот на селектирање на отпад.
  • Субвенционирање на ранливи категории во тек на грејната сезона со почисти извори на енергија, замена на печки, енергетска ефикасност.

 

За таа цел бараме исполнување на следното: Барање за итни мерки до МЖСПП.

 

ИНИЦИЈАТОРИ:

  1. ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА „СТОП НА ЗАГАДУВАЊЕТО“, ул. Бриселска 5, 1020 Скопје
  2. ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА „ВОЗДУХ СЕГА“
  3. ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА „НИЕ СМЕ КАРПОШ 4“
  4. ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА „Охрид ЅОЅ“
  5. Здружение за развој и активно делување и поттикнување на граѓанскиот сектор ЗА НАС СЕ РАБОТИ – Битола
  6. Граѓанска иницијатива „Lëvizja Nëna dhe Fëmija – Tetovë / Мајка и дете – Тетово“
  7. Здружение Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ – Скопје
  8. Еколошко здружение – Движење ECO GUERILLA – Tetovë / ЕКО ГЕРИЛА – Тетово
  9. Граѓанска иницијатива „Скопје Смог Аларм“
  10. Граѓанска иницијатива „Спас за Водно“
  11. Граѓанска иницијатива „Куманово бара чист воздух / Kumanova kërkon ajër të pastërt“
  12. Здружение за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н.
  13. Граѓанска иницијатива „O2 Коалиција за чист воздух“

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s