03 јули 2019: Меѓународната унија заштита на природата (IUCN) е најголемата и највлијателна светска мрежа за животна средина, и има статус на советодавно тело за Конвенцијата за светско наследство на УНЕСКО. Поради бројните закани, ИУЦН препорачува Охридскиот Регион да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност.
Еве ја нивната изјава на 43та седница на Комитетот за светско наследство во Баку.
ИУЦН се повикува на Реактивната мониторинг мисија (2017) која што утврди многубројни закани врз водната средина на Охридското Езеро, вклучувајќи ги неконтролираното внесување на отпадни води и загадувањето поради немање соодветен систем за третман на отпадни води; силен (анропоген) притисок од туризмот; екстензивен неконтролиран урбан развој; несоодветна експлоатација на крајбрежната зона.
Како што веќе нагласи и ИКОМОС, следејќи ги заклучоците на Мисијата дека целосната состојба со заштитата на регионот е сè поранлива, и Комитетот за светско наследство на својата 41ва седница заклучи дека ако приоритетните препораки на Мисијата не се спроведат во рок од две години, локалитетот ќе се соочи со потенцијална опасност.
Некои од предизвиците со кои се соочуваше подрачјето, со загриженост беа забележани и во претходните одлуки на Комитетот. На 40та седница, Комитетот забележа дека железничкиот коридор VIII и автопатот А2 многу веројатно ќе предизвикаат значителни негативни ефекти врз исклучителната универзална вредност на подрачјето и смета дека овие проекти се потенцијална опасност за исклучителната универзална вредност на доброто.
ИУЦН се сложува со ИКОМОС дека значаен напредок не е постигнат во справувањето со овие опасности, и дека поголемиот дел од барањата на Комитетот и препораките на Мисијата допрва останува да бидат исполнети.
Како заклучок, ИУЦН смета дека многубројните закани во комбинација со континуираниот недостаток на клучните системи и процеси на управување и без плански документи, заедно со големите инфтраструктурни и градежни проекти претставуваат јасен случај на потенцијална закана за локалитетот.
Заклучуваме дека во согласност со параграфите 178, 179, и 180 од Оперативните насоки, локалитетот ги исполнува критериумите за впишување на Листата на светско наследство во опасност, и се препорачува Комитетот, подрачјето (Охридскиот Регион) да го запише на Листата на светско наследство во опасност.