УНЕСКО #43WHC

03 јули 2019: На 43та седница на Комитетот за светско наследство во Баку, Центарот за светско наследство на УНЕСКО имаше мошне критичко излагање за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Еве ја изјавата во целост:


Извештај за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, Република Македонија, може да се најде во документот 7В, страна 83 во англиската верзија и 85 во француската верзија.

Овој извештај треба да потсети дека од една страна општата состојбата со заштитата на регионот се соочува со закани, како што беше проценето од страна на заедничката Реактивна мониторинг мисија во 2017г., а од друга страна дека заклучоците и препораките од Мисијата беа целосно прифатени и поддржани во двете одлуки на Комитетот за светско наследство од 40та и 41та седница.

Меѓу другото, во овие одлуки, Комитетот всушност забележа дека недостигаат мерки кои би биле усогласени со приоритетните препораки на Мисијата кои требаа да се исполнат во временски рок од две години и дека локалитетот како мешано наследство би се квалификувал за впишување на Листата на светско наследство во опасност во склад со параграфите 178, 179, и 180 од Оперативните насоки.

Последниот извештај поднесен од Владата на Македонија наведува неколку мерки кои се преземени, но очигледно е дека има одолговлекување во спроведувањето на некои од приоритетните препораки.

Утврдена е забрзана и наголемувачка урбанизација, несоодветно искористување на крајбрежјето, нагласено загадување, фрагментација и уништување на живеалиштата и значителен притисок од туризмот. Постоењето на сите овие закани за регионот значат дека неговата историска автентичност е загрозена, дека има промени во урбаните, руралните и природните места како и нарушување на природните убавини.

Поради ова, а во согласност со параграфите 179 и 180 од Насоките, како и со претходните одлуки на Комитетот, заканите по исклучителната универзална вредност се јасно утврдени.

Врз основа на ова, господине претседавач, предлог одлуката (на Центарот за светско наследство) препорачува впишување (на Охридскиот Регион) на Листата на светско наследство во опасност, што е можно побрзо. Исто така препорачуваме, што е можно поскоро, изработка на збирка мерки,  корективни мерки и DSOCR (впишување на Листата на светско наследство во опасност). Со ваша дозвола ИКОМОС И ИУЦН би сакале да дополнат уште нешто кон моето излагање.

search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close