Форум на World Heritage Watch

Денес и утре (22 – 23 јуни), непосредно пред почетокот на 43. Конференција на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Бахраин се одржува 5. Форум на World Heritage Watch (WHW). WHW е организација која има за цел да ја подигне свесноста за значењето на Светското наследство; да ја зајакне улогата на граѓанскиот сектор во овој домен и да му помогне на УНЕСКО кон заштита и зачувување на природните и културните добра од светско значење.

Затоа, не случајно, секоја година форумот коинцидира со годишната конференција на УНЕСКО. Имено, Извештајот – збирка на трудови од УНЕСКО локации од целиот свет и резолуциите поднесени од учесниците на овој форум ќе бидат доставени до Комитетот за светско наследство како дополнителна информција за состојбата и активностите во добрата на УНЕСКО.

За таа цел, а во насока на нашите постојани напори кон бескомпромисна заштита и соодветен третман на непроценливото природно и културно наследство на охридскиот регион, Охрид ЅОЅ придонесе со:

  1. Текст објавен во Извештајот на World Heritage Watch за 2018 во кој се анализира напредокот на Република Македонија во однос на преземените мерки кон исполнување на препораките на УНЕСКО, 41СОМ 7В.34 од 2017.
  2. „Резолуција за заштита на природното и културното наследство на охридскиот регион“ со која се укажува на проблемите и мошне загрижувачки активности во регионот, непреземените мерки во насока на гарантирање на статусот на УНЕСКО и се повикува Комитетот за светско наследство на УНЕСКО да ѝ даде конкретни и сериозни насоки на Република Македонија за решвање на овие проблеми. Резолуцијата може да ја погледнете тука.

Целиот Извештај World Heritage Watch 2018 може да го симнете тука.

%d bloggers like this:
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close