
18 март, 2022: Дали Стратегијата за развој на туризмот во Општина Охрид ќе биде само уште еден документ за во фиока? – Соопштение на Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ и Здружението Е.Д.Е.Н. во врска со Стратегија за развој на туризмот 2020 – 2025 и Стратегија за рурален развој на Општина Охрид 2022 – 2027, по кои поднесовме коментари и забелешки.
Интегралниот текст на соопштението и коментарите по стратегиите ќе ги најдете тука.
15 март, 2022: Со измените на законот за водите – драгоцениот ресурс се става под контрола на крупниот капитал! – Соопштение на Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ и Здружението Е.Д.Е.Н. во врска со предлог-измените на Закон за водите.
Интегралниот текст на соопштението и коментарите по законот ќе ги најдете тука.
25 јули, 2021: Соопштение за јавност по одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, Охридскиот Регион да не го стави на Листата на светско наследство во опасност и покрај утврдените актуелни и потенцијални закани по неговата Исклучителна универзална вредност.
Интегралниот текст на соопштението ќе го најдете тука.

Лично видување за Архитектонско-Просторните квалитети на Ресторан “Парк” – Охрид на Дарко Ангелески
17 мар. 2021: Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ поднесе иницијатива за прогласување на награденото архитектонско дело на охриѓанецот Павел Балабанов – ресторан Парк, за споменик на културата. Иницијативата е доставена до Управата за заштита на културното наследство и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, а беше поттикната од неодамна објавениот план за негово рушење и изградба на 4-спратен хотел на 50-метри од брегот. Планот доаѓа во време кога Охридскиот Регион е на праг да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност, токму како резултат на несоодветната и агресивна урбанизација на крајбрежјето. Препорачуваме Владата да го откупи овој објект од моменталните сопственици и да го пренамени, по неговата конзервација, во Музеј на Охридското Езеро и Студенчишко Блато како споменици на природата и Рамсар центар за посетители.
Иницијативата може да ја погледнете и споделите преку следната врска.
17 ное. 2020: Повик за заедничка акција – коментари кон Нацрт-закон за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк. Придружете се, заедно да ја спасиме Шар Планина од малите хидроцентрали. Инструкции и коментари тука.

Фото: Бертина Келтаноска Дамеска
25 сеп. 2020: Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ, поддржана од многубројни организации, покрена петиција за спас на Преспанско Езеро со конкретни барања до Владата за прогласување кризна состојба и преземање итни и сеопфатни мерки.
Петицијата може да ја потпишете тука http://chng.it/mMtz5pCC

25 дек. 2019: Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ и Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. поднесоа свои коментари на пакетот од шест предлог-закони за отпад до Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Соопштението за јавност и врската кон коментарите ќе ги најдете тука.

Дек. 2019: Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ поднесе коментари кон Планот за управување со природно и културно наследство во Охридскиот Регион (2019-2028) и Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина за Планот за управување. Нашата генерална оцена на документите како и поднесените коментари може да ги погледнете тука.
Ное. 2019: Триесет здруженија и активистички групи од цела Македонија застанаа зад барањата собрани во т.н. „Зелена книга“ кои се повод за Маршот за чист воздух – Зелена револуција што ќе се одржи денес, 29.11.2019 г., а ќе почне во 17 ч. пред Министерството за животна средина и пред Влада ќе биде во 18 ч. (Повеќе…)

Ное. 2019: Кога науката зборува, се молчи и се слуша – марина во Студенчишко Блато не смее да има! Аргументи против предлог-идејата на архитектонското студио „Тетрактис“ за изградба на марина во последното функционално блато на Охридското Езеро. (Повеќе)

Ное. 2019: Македонија и нејзината безживотна средина. Економската комисија за Европа во рамки на Обединетите Нации го објави третиот извештај за напредок на Македонија во област животна средина. Сумирањето на извештајот на македонски јазик е достапно на врската подолу.

Окт. 2019: Охрид ЅОЅ публикува Прирачник за правна самопомош и активизам во област животна средина, наменет за млади активисти и почетници. (More)

AUG 2019: Local authorities in Macedonia have announced a temporary halt to construction in the Ohrid region as requested by UNESCO. Is everything as it seems? (More)

JUNE 2019: After another mass poisoning of stray animals, Ohrid SOS is demanding action from authorities. (More) ЈУНИ 2019: После последниот налет убиства на животни во Охридскиот регион, Охрид ЅОЅ заедно со Активистите за заштита на животни на ниво на цела Македонија упати протестна нота до релевантните индтитуции. (Повеќе)

MAY 2019: The World Heritage Centre has suggested World Heritage In Danger listing for Ohrid. (More)

MAR 2019: Reeds repeatedly burn on Lake Ohrid’s shore. Only a fool would think it an accident. (More)

DEC 2018: Our most meaningful pictures from 2018. [More]

DEC 2018: The European Bank of Reconstruction and Development (EBRD) has been a repeated menace to Macedonia’s protected areas, so Ohrid SOS has submitted 15 guidelines to improve its performance. Here is the breakdown… [More]

AUG 2018: Hooligan hotels and bully buildings busted into a performance of Swan Lake in the UNESCO City of Ohrid last month, causing a dancer from Bolshoi Theater to exit stage in a body bag. [More]

JUL 2018: Protesters demand a moratorium on construction for Lake Ohrid before its World Heritage natural values die… [More]

ЈУНИ 2018: Денес и утре (22 – 23 јуни), непосредно пред почетокот на 43. Конференција на Комитетот за свестко наследство на УНЕСКО во Бахраин се одржува 5. Форум на World Heritage Watch (WHW). Повеќе…