#ГласотНаЕзерото

На Охридското Езеро му се заканува уништување. 10 годишен план за урбанизација на Охридското крајбрежје, како и план за ски центар и пат низ Н.П. Галичица ќе направат притисок врз кревкиот жив свет и сложените екосистеми од витално значење за опстанокот на Охридското Езеро.

glasotnaezeroto

По повод 5ти Јуни – Светскиот ден на животната средина, ОхридSOS објавува ФотоНатпревар: БИДИ ГЛАСОТ НА ОХРИДСКО ЕЗЕРО!

Фотографиите треба на креативен начин да доловат жив свет кој зборува (се забранува злоупотреба и малтретирање на жив свет за потребите на фотографиите) или на било кој друг начин ја пренесуваат својата порака. Дозволена е и дигитална манипулација на фотографиите, додавање на оригинален текст се охрабрува.

Право на учество имаат сите заинтересирани граѓани кои моментално живеат на територијата на РМ.

Сите пријавени фотографии е задолжително да бидат авторски и со нивното испраќање се согласувате да ги користиме за секакви потреби (публикации, промотивни/инфо материјали) со јасно наведено име и презиме на авторот.

Не се прифаќаат фотографии симнувани од интернет или стекнати со прекршување на нечие право на интелектуална сопственост. Сите кои ќе пријават ваков тип на фотографии ќе бидат автоматски дисквалификувани.

Секој има право да учествува со бесконечен број фотографии.

Фотографиите се објавуваат на Instagram/ Facebook или Twitter со #ГласотНаЕзерото.

Трите најгласани фотографии ќе бидат наградени со пакет награди- изненадување од ОхридSOS.

ФотоНатпреварот трае од 30ти Јуни на Полноќ по што ќе биде објавен фото албум со сите фотографии отворен за гласање. Победниците ќе бидат објавени на  5ти Јули.

Со Почит,

Активисти на ОхридSOS