Коментари на Закон за урбанистичко планирање

19 ЈУНИ 2019: По детална и опсежна анализа на законскиот текст и обидите да внесеме амандмански измени за подобрување на законското решение, правниот тим на Охрид ЅОЅ со жалење констатира дека амандманско коригирање на законот е невозможно. Иако во продолжение ги поднесуваме нашите детални забелешки на актуелниот текст, сепак, стручното мислење на правниот тим на Охрид ЅОЅ е:

Доколку целта на законодавецот е исполнување на целите и начелата на овој закон, задолжително е процедурата за предлог-законот да почне отпочеток и да се спроведе бавна, инклузивна и транспарентна постапка со вградување на сите забелешки досега доставени со кои се гарантира издржано законско решение имајќи ги предвид најдобрите светски практики и водејќи се, пред сè, од начелото на одржлив развој.

Остро се спротивставуваме на усвојување „компромисни“ решенија, бидејќи со истите се остава простор за недоречености во законот, што потоа создаваат апсурдни ситуации при негово спроведување и како последица – на граѓаните им се попречува пристапот до правда. Една од главните цели на овој закон е да ја унапреди правната рамка што ја третира оваа област, а тоа не е ни оддалеку постигнато со актуелното решение. Поткрепа на сето горенаведено приложуваме во образложенијата на секоја предлог-измена одделно.

Целосниот документ со нашите коментари е тука:

%d bloggers like this:
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close